Паркирањето во Центар отсега бесплатно до еден час

Од:

Наместо само 10 минути, како досега, отсега на местата за кои наплаќа јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар ќе може да останете паркирани до 1 час, без да мора да брцнете во џебот. Покрај тоа, жителите на општината или фирмите отсега ќе може да купат припејд-картичка за паркирање, со која ќе плаќаат за своите гости или за клиентите и деловните партнери.

Картичките со кои жителите на општината или фирмите ќе може да плаќаат на своите гости се нарекуваат „Гостинска карта“ и „Бизнис гостинска карта“.

Цените за Гостинска карта се движат од 100 до 300 денари, што значи време за паркирање за гостите од 5 до 300 часа месечно. Со неа ќе може да се плаќа за повеќе автомобили паркирани истовремено, а неискористените часови ќе може да се префрлат во следниот месец – и така постојано се до крајот на календарската година.

Како и за Гостинската карта, така и за Бизнис гостинската, обврската на бројот 072/251-251 да го пријават паркирањето имаат нејзините сопственици, кои пречекуваат гости или клиенти.

Бизнис гостинската карта подразбира фирмата, ресторанот или дуќанот да има М-карта. Од нејзиниот износ се издвојуваат 35 денари за еден час паркирање за клиентот во првата зона, додека во втората зона паркирањето ќе чини 25 денари.

Би можело да ве интересира

43-годишен велешанец најден мртов на паркинг во Скопје

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Бесплатно паркирање на дел од паркинзите во Скопје за Велигденските празници

Ана Ололовска

Велешанката со инвалидитет која плати казна за паркирање на место за инвалиди: Добив извинување, ама ќе се жалам

A1on

Тепачка во Аеродром за паркинг

Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв

А1он