Паркиралиштата Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември утре слободни за паркирање

Од:

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека утре – 21 април, за време на државниот празник Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

Како што посочуваат од претпријатието, јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата.

Јавните паркиралишта пак, „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.

Би можело да ве интересира

Од денеска во сила сезонските цени за наплата на паркирањето возила во Охрид

А1он

Од 1 јуни летно сметање на работното време на паркинзите на „Градски паркинг“-Скопје

А1он

На паркинзите во Центар поставени сандачиња за предлози и поплаки од граѓани

Ана Ололовска

Паркинизите на општина Центар бесплатни за Велигденските празници

Ана Ололовска

Работна средба на Асоцијацијата на комунални претпријатија за јавни паркиралишта во Битола

Ана Ололовска

Паркинзи Центар со добивка во првото полугодие на 2015. година

Ана Ололовска