Паркинзи Центар со добивка во првото полугодие на 2015. година

Од:

Паркинзи Центар првото полугодие од 2015-та година го заврши со добивка од 343.718 денари, без субвенционирање од страна на општината. ЈП ПОЦ во првото полугодие требаше да оствари добивка од 2.100.000 денари, но поради исплаќање на оштети од судски пресуди за спорови од 2011 година, претпријатието оствари помала добивка.

На седницата на Советт на општина Центар, директорот на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, Саша Богдановиќ го образложи сработеното и постигнатото во првите шест месеци.

На почетокот на 2015 година, ЈП ПОЦ воспостави нов функционален систем на внатрешна организација, соодветен на обемот на работа и потребите на корисниците. Во согласност со системот, изготвена е и Програма за волонтирање. Претпријатието објави јавен повик за вкупно 12 волонтери за различни позиции, на кои им овозможи да стекнат знаења и вештини потребни за нивниот професионален развој.
Изготвен е и акционен план за реализација на активности со цел обезбедување на непречен пристап за лицата со посебни потреби.

На почетокот на 2015 година, заради институционални недоразбирања со надлежните, општинскиот комунален инспекторат беше спречен да постапува, односно да издава налози за постапување на пајак службата и паркинг контролата, па од таа причина беше донесена Одлука од страна на Советот на Општина Центар, а по иницијатива на Надзорниот и Управниот одбор на претпријатието, со којашто се обезбедува присуство и асистенција на комуналните инспектори.

Би можело да ве интересира

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Паркиралиштата Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември утре слободни за паркирање

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Ана Ололовска

Бесплатно паркирање за лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ

Ана Ололовска

Се формира ново општинско комунално претпријатие во рамки на ПОЦ

Ана Ололовска