Париз официјално не ја открива својата позиција за денешниот министерски совет во Луксембург

Од:

Неколку часови пред денешниот министерски состанок во Луксембург, официјален Париз не ја открива својата позиција во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во ЕУ, јавува дописникот на МИА од Франција.

Сите обиди да се добие официјалната позиција на Париз во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во Еврпската Унија, останаа без одговор.

Од службата за односи со јавноста на Министерството за надворешни работи не беа во можност да одговорат на телефонските и писмените барања. Единствените информации засега доаѓаат од неофицијални извори, како наводниот меморандум објавен од Блумберг. Париз според документот е против каков било датум за формални преговори со Албанија и Македонија, пред ЕУ да ја заврши реформата на својата „методологија“. Со меморандумот што на 10 октомври, наводно, го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ, Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“.

Од Кеј Д’Орсеј ни беше речено дека официјалниот одговор и француската позиција ќе бидат познати наскоро.

Би можело да ве интересира

Новинар отпуштен поради „непријатно“ прашање за Газа; „Русија нападна, Израел се бранеше“

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија