Парите од Камчеви ги сменив во евра со обезбедување, сведочеше благајничката

Од:

По паузата во Кривичниот суд во Скопје продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска.

Таа била девизен референт и благајничка во фирмите на Камчеви. На прашање на обвинителката Вилма Русковска, Бошковска одговори дека во декември 2018 и февруари 2019 година вадела поголема сума пари од сметките на Ана Камчева, Ратка Камчева и Христина Камчева. Во три наврати извадила 12 милиони, и уште двапати по пет милиони денари.

„Вадев поголема сума од приватната сметка на Ана Камчева и Ратка Камчева. Јас тие пари требаше да ги направам во евра“, рече сведокот.

Таа кажа дека во февруари 2019 година извадила од сметките на сестрата и мајката на Камчеви, 18 и 21 милион денари.

„Со обезбедување дојдов во менувачницата и ги направив во евра. Влегов од задната врата. Парите ги средивме со спецификација по апоени. И си отидов пак од задната врата“, рече Бошковска.

Бошковска рече дека се сеќава оти 80% од парите биле со банкноти од по 50 евра и дека спецификацијата не била по сериски броеви, туку по банкноти.

Таа кажа дека не го видела ниту еднаш Бојан Јовановски и дека ги видела снимките од броењето на парите.

Следното рочиште за „Рекет“ е закажано за 25 декември кога треба да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Сашко Бошков.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов