Паолучи: Недостатоците почнуваат рано во основното образование, а опстојуваат понатаму

Од:

Иако пристапот до образованието е подобрен, квалитетот на образованието и натаму е предизвик како што е потврдено од резултатите на учениците во Македонија на меѓународните тестирања, дека недостатоците почнуваат рано во основното образование, а опстојуваат понатаму, истакна директорот на Светска банка (СБ) во државава Максимилијано Паолучи на денешната презентација на проектот за унапредување на основното образование во вредност од 21,5 милиони евра преку СБ.

Според индексот на Светска банка за човечки капитал за 2020 година, како што наведе Паолучи, децата родени денес во Македонија ќе бидат 56 проценти продуктивни отколку што би можеле да бидат доколку уживале целосно образование и здравство.

Паолучи предупреди дека пандемијата со Ковид-19, за жал се заканува уште дополнително да ги влоши исходите во основното образование.

-Со тоа што голем дел од учениците не ги совладуваат основните вештини за понатаму во животот подобрување на квалитетот на образованието е императив заедно со надминување на нееднаквоста и на јазовите помеѓу учениците од различни социоекономски карактеристики, наведе Паолучи.

Како што нагласи, проектот за подобрување на образованието ќе ја поддржи Владата во спроведување на сеопфатни реформи како основа за долгорочни подобрувања и со тоа ќе придонесе за градење модерен , ефикасен, продуктивен систем во Македонија и поконкурентен човечки капитал.

Тој информира дека проектот ќе соработува директно со основните училишта за унапредување на условите за учење, истовремено, како што потенцира, надоместувајќи ги загубите од учењето што се генерирани поради пандемијата.

-Ќе ги поддржиме ранливите групи, вклучително и Ромите, како и учениците кои се негативно погодени од кризата со Ковид-19. Фокусот на еднаквоста и квалитетот ќе и помогне на Македонија да го подобри својот човечки капитал, да ја подобри продуктивноста на пазарот на трудот и да поттикне поинклузивен пазар на трудот, истакна Паолучи.

Средствата што ги доби државава од СБ за проектот за образованието ќе бидат насочени кон инвестиции во училишната инфраструктура, зајакнување на компетенциите на наставниот кадар и за реформата за следење и оценување на националниот прогрес во учењето, која има за цел развивање на програма за државно тестирање.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска