Panta rei и потсетување до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Tочно пред една година во октомври се обратив во името на македонската дијаспора како тогашен пратеник од И.Е.9 и укажав на потребите на македонската дијаспора. Сега Ве потсетувам сите Вас коишто не верувавте во тоа дека на следните избори македонската дијаспора нема да има своj претставник, ете се случи и тоа.

Тогаш многумина ме етикетираа дека сум скептик, а сепак излезе вистинито и сега ДПМНЕ е со минус 3 пратеника од дијаспората во Собранието на Република Македонија, што за жал го чини многу скапо, а цената е опозиција.

Покрај истото укажување за дијаспората, исто така укажав и за погрешните политики коишто ги водеше и сеуште ги води актуелното (малку освежено) партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а сепак не признава за истото. Беше укажано за сé поголемото незадоволство во самата партија и меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и уште тогаш прашав „Зарем ќе останеме слепи и глуви, зарем незадоволството на народот ќе го скриеме под тепих и после тоа ќе бидеме изненадени?“ Токму тоа се случи на 27 април 2017 година и сега кој е виновен?!

Ви се обраќам бидејќи сеуште сте лидер на ВМРО-ДПМНЕ и верувам дека сте доблесни да организирате предвремен партиски конгрес и со тоа да дадете неотповиклива оставка од партијата како Претседател и да запомните дека без секој се може и секој е менлив, само ВМРО е идеологија и тоа постоело, постои и ќе пости.

Затоа ќе Ве потсетам на Хераклит од Ефес и ќе Ви биде јасно што значи ПАНТА РЕИ.

Знам дека е доцна, но сепак да се проба да се спаси она што може да се спаси додека не сме доживеале пораз на претстојните локални избори. Со губење дури и на една општина, односно ако повторно ВМРО-ДПМНЕ не го освои истиот број општини со градоначалнички и советнички места ќе се смета за пораз, а не победа.

Доколку ова се случи, тогаш навистина е време за РЕФОРМИ во ДПМНЕ затоа што има доволно чесни македонци коишто можат да бидат нови лидери во ДПМНЕ и да ја продолжат идеологијата којашто со векови е стремеж на македонскиот народ.

Васко Наумовски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Екс пратеникот Васко Наумовски се приклучи на реформаторите

Наум Локоски

Писмо на пратеникот Васко Наумовски

Предраг Петровиќ