Панова: СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш

Од:

СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова.

– СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на сите криминали кои ги прават во изминатите 6 години. Со измени во Кривичниот закон се брише ставот 5 од членот 353 кој ја санкционира злоупотребата на службената положба и овластувања при вршење јавни набавки или на штета на Буџетот и на јавните фондови за кој беше предвидена казна од најмалку 5 години затвор, максималната казна затвор за злосторничко здружение се намалува од 10 на 3 години, а се укинува и проширената конфискација за нелегално стекнат имот. Овие законски измени се за аболиција на сите министри и директори на СДС и ДУИ од 2017 година до денес, за сите тендери и набавки во РЕК Битола, ЕЛЕМ, М-НАВ, МВР, буквално за сите кои беа извршители и испумпуваа буџетски пари во милионски износи, рече на прес конференција Панова.

Панов вели дека на сето ова параван била Левица, која не гласала против, и не направила ништо конкретно во Собранието против носење на овој закон.

– Ковачевски е лидер на СДС кој има за цел да обезбеди амнестија за сите нивни функционери и да си замине, а Апасиев му е спотер во целиот процес, како човек кој преку Шарената револуција ги донесе на власти го овозможи подоцнежниот грабеж кој се случи. И СДС и ДУИ, но и нивните спотери од Левица треба да знаат дека одговорност ќе има и ќе одговараат, без разлика и колку амнестии да си донесат или закони да си сменат, рече пратеничката.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус