Панов со поддршка за втор мандат за градоначaлник на Кавадарци

Од:

Староновиот градоначалник на Кавадарци Александар Панов денеска јавно се заблагодари на кавадарчани за поддршката што ја доби за втор градоначалнички мандат.

Оцени дека изборите беа фер и демократски.

– Вчера во Кавадарци беше празник на демократијата. Кавадарчани беа дел од спектарот на демократијата во целата држава. Им благодарам на сите оние кои неуморно работеа на терен за да ја презентираат мојата програма за овие избори. Останува во наредниот период многубројните зацртани проекти да се реализираат, рече Панов во своето обраќање.

Според општинската изборна комисија, Панов освои 13.084 гласови, а неговиот противкандидат од “Сојузот за иднината” Бетиане Китев 9.488 гласа.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар