Паника во „Скопјанка“, евакуирани станарите

Од:

Жителите од зграда на булеварот „Кузман Јосифовски Питу”, број 15. во скопската населба Аеродром, се евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите. Полицијата, Противпожарна екипа и Брза помош се повикани на терен.

Се проверува влезот на зградата, каде неофицијално била фрлена некоја материја или пиротехничко средство.

Полицијата реагирала по пријава на станарите, откако се пожалиле на непријатната миризба која се ширела во влезот на зградата, која се наоѓа во близина на трговскиот центар Скопјанка.

Граѓаните пријавиле многу остар мирис во зградата. Противпожарната служба интервенирала со пет луѓе и едно возило и ги евакуирала сите од влезот.

Станарите биле евакуирани со гас маски, а полицијата во моментов е во зградата и истражува за што точно се работи, изјави за „А1он“, командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски.

На инспекција во зградата се очекува да пристигнат и инспектори за животна средина.

Жителите раскажуваат дека сите помошни простории во зградата биле искршени.

Следува повеќе…

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски