Паника на социјалните мрежи: Тајм.мк избришан од Марнет, па вратен со вчерашен датум

Од:

Паника на македонскиот интернет простор, откако агрегатор на вести www.time.mk едноставно беше избришан.

Денеска Тајм.мк ненадејно го снема околу 11:30 часот од Марнет. Но во 13:30 часот Тајм.мк повторно беше вратен на Марнет, но со една разлика иако домејнот е регистриран во 2008 година, на Марнет е прикажано дека Тајм.мк постои од вчера.

Сето ова се случи кога на вестите на „Сител“ беше посветен цел прилог за овој агрегатор, со констатација дека станува збор за обид за манипулација со рејтинзите и рангирање на медиумите и на порталите.

Прилогот на вестите на Сител

„Наместо да се користат светски, се прават локални критериуми за читаност и потоа во соработка со некои агенции, се манипулира со парите за реклами на интернет сајтовите. Пред десетина години истото го правеше Велија Рамковски, а сега се обидува истото да го направи и Тајм.мк со своите соработници“, објави „Сител“.

Тајм.мк е повторно вратен и е во функција.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество