Панихида за осумте загинати припадни на МВР во „Дива Населба“

Од:

Во Соборниот Храм Свети Никола во Куманово денеска во организација на граѓани од населбата „Тоде Мендол“ се одржа панихида за осумте бранители кои животот го загубија при антитерористичката акција на МВР во кумановско „Дива Населба“.

На панихидата присуствуваа жители на „Дива Населба“, бранители, членови на Здружението бранители од 2001, преставници од политичките партии, пратеници, локалната власт, граѓани на Куманово… кои им изразија почит на загинатите припадници на специјалните единици на македонската полиција.

Имињата на македонските херои, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, беше речено на панихидата, никогаш нема да бидат заборавени.

– Се собравме овде да им оддадеме почит за нашите бранители кои го дадоа животот за нашата Македонија,нема да ги заборавиме, вечно ќе живеат во нашите срца, рече Миле Петларски, граѓанин на „Дива Населба“.

Петларски истакна дека на оваа парче земја има место за сите нас, без разлика на верата и националноста и истакна дека треба да живееме во заедништво и слога. Нагласи дека на панихидата се поканети сите без разлика на националната, политичката, верската… определба.
Љупчо Гиевски, пак, жител на „Абдул Прешева“ улица од „Дива Населба“, рече дека и сега и претходно немале никакви проблеми со соедите од албанска етничка заедница, дека живеат во мир и слога. Се присети на настанаите од 9 мај и посака никогаш да не се случат.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци