Панел дискусија на тема европските интеграции во развојните перспективи на општина Берово и Источниот плански регион ќе се одржи денеска во Берово.
Панелот се одржува во организација на Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со Општина Берово и други граѓански здруженија од Источниот плански регион.
Панел дискусијата е дел од активностите на проектот: „Граѓанските организации во служба на демократијата“ финансиран од ИПА – 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.
Во проектот партнерски настапуваат ЕДРМ, АЛДА-Скопје и ЗФР – Велес.
Целта на панел дисусијата е да ги афирмира европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти со граѓанските здруженија од регионот, но и со другите чинители во развојните процеси на општините (претприемачи, фармери, просветни и културни работници).
На панел дисјусијата меѓудругите ќе учествуваат и градоначалниците на Берово и Пехчево, Златко Пекевски и Драган Тренчовски, како и Милева Ѓуровска, професорка на Филозофски Факултет-Скопје и претседателка на Европско движење во РМ.