(ВИДЕО) Панче Орцев: Дали Миле Јанакиески е прибран во ЈП „Македонски шуми“?

Од:

Пратеникот од СДСМ, Панче Орцев, денеска му ја лоцираше трагата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, откако на пратеничките прашања во Собрание праша дали е тој членува во организациониот тим на јавното претпријатие „Македонски шуми“ за снабдување на граѓаните со дрва. Пратеникот презентираше документ според кој Владата, со потпис на премиерот, Никола Груевски, дозволила извоз на дрва за огрев во период кога имало недостиг и кога еден кубик чини двојно поефтино.

– Вашиот директор, Жарко Караџовски, извезуваше дрво во количина од 30.000 метри кубни, место да ги обезбеди граѓаните. Во период кога имаме криза во снабдување со дрво, на 27-ми јули 2015, вие му дозволувате на вашиот директор место да ги снабдува граѓаните и да ја врши својата дејност, тој да извезува дрва од Република Македонија. Тука се гледа вашиот приоритет. За вас не се важни граѓаните, туку бизнис интересите во овој случај на Караџовски, а може и вие имате одредени бизнис интереси. Не ви е важно како обичните граѓани, пензионерите, земјоделските работници ќе ја поминат зимата и како ќе се греат – рече пратеникот.

Прашањето му беше наменето на премиерот, но го одговори министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Михаил Цветков. Тој не објасни зошто на јавното претпријатие му е дозволен извоз во период кога има побарувачка за дрва и кога огревното дрво чини двојно поевтино. Министерот рече дека Владата прави напори граѓаните да го исфрлат од употреба огревното дрво за да се намали загадувањето.

– Потребни колични за огревно дрво се околу 800.000 метри кубни, овие 800.000 не можат да се обезбедат во момент кога граѓаните ќе побараат, туку се обезбедуваат за целата година – рече Цветков.

130.000 семејства се греат на дрво, рече пратеникот незадоволен од одговорот на министерот. Наместо да плаќаат 2.000 денари за кубик, морале да плаќаат по 4.000 денари.

– Недостигот на дрво не е од сега, две години го има. Во овој документ лани му е дозволено на јавното претпријатие да извезува 30.000 метри кубни и оваа година повторно бараат и повторно им е дозволено. „Македонски шуми“ е едно од најзлоупотребуваните претпријатија. Има 2.300-2.500 вработени, а 97 отсто од работните задачи ги вршат надворешни компании. Тоа го чини претпријатието 23-25 милиони евра годишно чини. Тоа е бизнисот на Жарко Караџовски. Некој од надвор се плаќа да ги извршува работите на „Македонски шуми“ – рече Орцев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски