Памфлети против кандидат за градоначалник на Тетово

Од:

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово последните неколку дена, на различни места во Тетово пронашле контраверзен политички пропаганден материјал, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Памфлетите, изработени во неколку верзии на македонски јазик, во негативен контекст и со негативна конотација, најдиректно го дисквалификуваат и дискредитираат едниот од двајцата кандидати за градоначалник на општина Тетово, а навивачки го фалат, поддржуваат и им сугерираат на граѓаните да гласаат за другиот кандидат, информира МВР.

Пронајдените памфлети се фотодокументирани и се работи на откривање на нивните изготвувачи и дистрибутери.

СВР Тетово апелира до граѓаните и до сите учесници во изборниот процес да се воздржат од вакви или слични постапки, односно провокации и да се однесуваат фер и демократски.

Ваквите провокации можат да ја нарушат општата изборна атмосфера и амбиент во Тетово и да предизвикаат несакни појави, со сериозни последици во севкупното тетовско секојдневие.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември