Пајазити го доби новиот мандат за градоначалник на Брвеница

Од:

Градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити денеска од претседателот на општинската изборна комисија, Илир Абдурамани го прими сертификатот со што почна неговиот нов четиригодишен мандант.

– Програмата на ДУИ покажа и докажа дека има визија и дела, а не празни зборови и ветувања без никаков говор на омраза, рече Пајазити нагласувајќи дека одговорно ќе ги претставува сите граѓани.

Сертификати добија и новите 15 советници во Советот на општина Брвеница. На последните локални избори во општина Брвеница ВМРО-ДПМНЕ освои пет советнички миеста, ДУИ четири, ДПА три, СДСМ две и НДП едно советничко место.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар