Силното невреме проследено со пороен дожд што попладнево го зафати Скопје предизвика значителна материјална штета во општина Аеродром при што беа паднати неколку дрвја, на повеќе места беа искршени гранки и беа поплавени дел од улиците.
-Екипи на Општината во соработка со МВР веднаш излегоа на терен, каде ги расчистуваат последиците од невремето.
Ги повикуваме граѓаните доколку забележат и други оштетувања да пријават на телефонските броеви 072/270 886 или на 112, информираат од Општина Аеродром.