Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Од:

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Ова е прв случај на западнонилска треска летово во државава, и е потврден лабораториски во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Хоспитализираниот веќе една недела е на лекување на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника, а болеста претходно му била дијагностицирана во Градската општа болница „8 Септемви“ во Скопје.

На Инфективната клиника сезонава досега не регистрирале други сомнителни случаи од заразата што е векторски пренослива преку комарци. Најчесто поминува како настинка, а кај мал процент се манифестира со потешка клиничка слика.

Стевановиќ вчера информираше дека нема простор за паника кај населението за кое остануваат главните препораки за заштита од комарци. Покрај прскањето против комарци од страна на надлежните институции, посочи таа, и епидемиолошките и останатите служби преземаат редовни и рутински активности за превенција и заштита.

Би можело да ве интересира

Петмина новозаразени со западнонилска треска, прв случај во Тетово

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Уште еден починат од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани има само шест пациенти

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати – сите се мажи

Горан Наумовски

Осма жртва од западнонилска треска