Пациенти со цистича фиброза: Се надеваме дека лекот за најтешко болните ќе стигне за три недели

Од:

Обезбедени се над 2,2 милиони евра кои ќе се искористат најбрзо што може. За нас е битно што ќе се направи тригодишна програма и лекот ќе го добијат сите пациенти, истакнаа од Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.

– Сметаме дека дококку ова се движи како што преговаравме, ќе биде системско решение. За жал го изгубивме вчера Благојче, не требаше да се случи така. Се надевам дека нема да има потреба повторно да излегуваме на улица, велат од Асоцијацијата.

Оттаму додаваат дека лекот за седуммината пациенти во тешка состојба ќе стигне за помалку од три недели, но се зависи од производителот.

– Болеста е непредвидлива. Благојче не е беше еден од најтешко болните, но ете не напушти. За оние што се најкритични се надеваме дека овие 2,2 милиони евра ќе бидат доволни за терапијата – рекоа од Асоцијацијата оградувајќи се од барањето одговорност која институција била виновна за смртта на Благојче Илиевски.

Би можело да ве интересира

Лекот не е комодитет, туку е приоритет – порака од лицата со цистична фиброза

Министерство за здравство: Одобрени дополнителни 1,6 милиони евра за Трикафта

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза

Меџити: Ќе го решиме проблемот што го имаат лицата со цистична фиброза

Набавката на трикафта повторно заглави

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии