Овчар и ловџија од неготинско се застрелал самиот себеси со пушка додека го пасел стадото

Од:

На 10.02.2021 во 09.30 часот во Полициската станица Неготино, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен П.Д.(43) од с.Долни Дисан, неготинско.

Според пријавеното, П.Д. се повредил со ловечка пушка додека го напасувал добитокот во атарот на селото. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Од домот на П.Д. за понатамошна постапка биле подигнати ловечка пушка „Баикал“ калибар 16мм и дозвола за оружје и ловечка легитимација, двете на негово име. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар