Овации „УЧК“ и албанско знаме на прославата 100 години независност на Албанија

Од:

Во спортската сала „Борис Трајковски“ вечерва се одржа централната прослава за  100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме.

„Етничка Албанија“, „УЧК“, со овие скандирања беа дочекани премиерите на Албанија и Косово,  Сали Бериша и Хашим Тачи,  и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Меѓу многуте развиорени албански знамиња го немаше и државното знаме на Република Македонија.

Немаше ниту претставници-Македонци од државниот врв, ниту од коалицискиот партнер на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ.

„Им изразуваме  почит на сите борци од регионот и  на сите жртви, како и на нивните семејства, Без нив, Косово немаше да биде независно, а  правата на Албанците во регионот ќе беа на пониско рамниште. Албанците во Прешевската долина треба да добијат човекови права според сите демократски стандради“, рече Хашим Тачи, чие обраќање предизвика еуфорија во салата.

„УЧК, ОНА, ОВПБМ се бореа со идеал за еднакви права на Албанците, со идеал за подобра држава, подобар Балкан, подобра Европа. Албанците во Македонија, секоја минута, секој час, секој ден во годината, мислеа и мислат и сонуваат за заедништво, за слобода и за права на Албанците каде и да живеат во регионот и во светот. Велат албански национализам, а тој национализам е европски, за мир кај нас, за слободна и мирна Европа. Од С Бериша, пренесе  Телевизија Телма, а  за новинарите во салата, кои дојдоа да го проследат настанот, не беше обезбеден превод за да можат да известат што беше порачано на манифестацијата.

Говорот на Бериша предизвика долги овации во салата.

„Ние не работиме заради наши позиции, наш комодитет. Ние напорно во изминатите години работевме за правата на Албанците во Македонија. Се изборивме за човекови и национални права, еве, го славиме Денот на азбуката, Денот на знамето, Денот на независноста на Албанија и тоа на највисоко државно ниво, така ја организиравме и денешната прослава.  Ние живееме заедно со Македонците, ги почитуваме како наши сограѓани, ги почитуваме сите етнички заедници во Македонија. Така и ние можеме да очекуваме да бидеме почитувани. Така се гради стабилност на Балканот, така можеме да градиме мир, и заедно да одиме во ЕУ и НАТО. Работиме да ги надминеме историските непријателства, ако можеле тоа Французите и Германците, можеме и ние на Балканот“, рекол  Ахмети, извести Телма.

Слични манифестации наредните денови ќе се одржат во Косово и во Албанија.

Фото: Нова Македонија

 

 

 

Би можело да ве интересира

Путин: Знамето на Русија секогаш ќе биде свето за сите генерации Руси

А1он

Не се разговара за промена на знамето, грбот или химната, велат од Владата по изјавата на Ахмети

Жарко Настоски

ВИДЕО: Британското знаме симнато од пред европските институции

Францускиот спајдермен закачи знаме на помирувањето во Хонгконг

А1он

Бошњаковски по изјавата на Османи: Законот за знамиња мора да се почитува, прекршувањето се санкционира

Ана Ололовска

Десетина сепаратисти упаднаа во владина зграда и го отстранија шпанското знаме