Отворено писмо на СОНК: До кога вака?

Од:

Од 20-ти јануари Синдикатот на вработените во образование, наука и култура стапуваат во генерален штрајк кој ќе ги опфати сите установи од културата и просветата, односно градинките, основните и средните училишта, ученичките и студентските домови. Бараат 25 отсто повисока плата, зашто сега, во градинките на пример, земаат по 200 евра што не им стигнува за живот. Состојбите во оваа сфера тие ги изразија со отворено писмо во кое се вели:

„Самостојниот Синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија, уште попознат како СОНК, кој повеќе од една деценија е најголемиот грански синдикат во Р.М., со над 30.000 реално членство од скоро сите јавни детски градинки, основни и средни училишта, ученички и студентски домови, установите од културата и поголемиот дел од факултетите, после низа години на толерирање, јавно, гласно и до сите одговорни во Р.М. го поставува едно од нај едноставните прашања: – ДО КОГА ВАКА?

Да, до кога господа повеќе од 14 години , без малку сите што имавте обврска да ја градите Р.М. врз најцивилизираните принципи: демократија и владеењето на правото, се’ правевте тоа да важи за Вас, и одредени – подобни за Вас, ама никако за цела една армија на просветни, културни и научни работници, организирани во СОНК.

Пред нешто повеќе од 10 години, кога СОНК јасно се определи да не манипулира и не глуми Синдикат, туку енергично превзеде мерки за реформирање во вистински, современ Синдикат, тогашните челници во државата , без око да им трепне, што би рекол народот, се’ направија да го спречат таквиот курс на СОНК.

Меѓу првите работи што ги побара СОНК беше да се разговара со надлежните за платите во образованието, науката и културата, кои беа на претпоследно место на скалата на плати во јавниот сектор во државата. Платата на еден наставник во основното и средно образование беше 7.600 денари! А, за детските градинки и сега ни е и страв и срам да го кажеме износот на нивните плати!

Тогашните најодговорни во Владата и секако во ресорните министерства, како воопшто да немаа слушнато за социјален дијалог, туку единствено уште повеќе ги затворија вратите за легитимните претставници на СОНК. СОНК мораше да одговори со Генерален штрајк, во кој учествуваа скоро сите вработени во дејностите, ама колку да потсетиме, тогашниот Премиер даде јавна изјава пред новинрите (ги чуваме снимките) “ … и да имаме пари, нема да им дадеме”…!!! Е па, како да ни даде кога мислел, ама и понатаму мислеа, дека народните пари се само нивни, и ќе ги дадат на тој на кого тие сакаат да им дадат.

И кога и тоа не помогна, СОНК да се врати во “шишето “ на кое стои налепница – кобајаги Синдикат, превземаа додатна ударна терапија – ги блокираа жиро сметките на СОНК; ги исклучија службените телефони на СОНК; насилно го избркаа раководството на СОНК од зградата во која се сместени многу “ шишиња “ (добро де со пијалок); фингираа Конгрес на кој дел, од делегатите беа луѓе кои никогаш не биле ниту во образование, ниту во култура, нити во наука; донесоа Одлука за “ разрешување “ на легитимното раководство на СОНК, ама за нивна жал, терапијата не успеа, СОНК преживеа и стана уште помоќен Синдикат.

Конечно дојдоа други на кормилото на државата. Ветија дека се‘ ќе направат да се демократизираат вкупно односите во државата и секако вклучително во тоа на посебно место, силен инпулс на социјално партнерство и социјален дијалог. СОНК веднаш и многу искрено го подржа тоа и без никакви резерви и калкулации даваше исклучителен придонес во развојот на тие толку неопходни процеси во државата. Е, тоа драги наши траеше се до моментот кога СОНК побара да се разгледаат нај актуелните проблеми во дејностите и врз основа на аргументи, низ социјален дијалог, да се постигне договор за нивно разрешување.

… …!? Колку за СОНК не очекувано, за неверување и …, се‘ се сруши што беше социјален дијалог, социјално партнерство, взаемно почитување. Сето тоа беше толку брзо заменето со моќта на власта … откажани автобуси по закана од моќници од локалната, па и од повисоката власт; легитимирани од полиција учесници на протест; нова формула во математиката за броење – 10 гледаш, 1 броиш (за бројот на учесници на протестот) и т.н. .

А од се’ најмалку очекуваното, изјава преку медиумите дека раководството на СОНК воопшто не побарало преговори, секако во духот на социјалното партнерство и социјалниот дијалог, туку веднаш – оп протест. Живи фатени како одработуваат за некоја или некои политички партии, ама после дополнителни иследни мерки се открило дека раководството на СОНК било пред избори и затоа тоа го прави.

Почитувани драги наши, кому да ги доставиме десетиците писмени барања за преговори во период повеќе од 5-6 месеци и никаков одговор на нив, а исто така кому да му дадеме да го прочита Статутот на СОНК, каде што ќе открие дека изборите се повеќе од 1 година после протестот.

“Непослушниот“ СОНК преку скоро 500 синдикални организации и со едногласна Одлука на Советот на СОНК, како највисок орган на одлучување, кој има повеќе членови од пола од парламентот на државата, едногласно донесе Одлука за организирање на Генерален штрајк.

Арно ама, во името на социјалното партнерство и социјалниот дијалог преку ноќ на нај демократскиот орган во државата, што би се рекло Собранието, беа извршени измени во законите во делот на штрајкот (рекоа во согласност со Уставот!!!) со кој се воведе практично штрајкбрехерство, како ново достигнување во социјалниот дијалог, секој ден преку јавните демократски медиуми, излегуваа поединци кои читаа напишан текст и велеа дека тоа го прават во името на илјадници од одреден регион, дека го осудуваат раководството и му советуваат да преговара. Забавата да биде уште по интересна еден од тие “читачи” кој многу брзо беше откриено дека работи како хаус – мајстор во училиште (искрено со цело почитување на тоа работно место, а за читачот на Вас оставаме) вели: ” … ние наставниците од нашиот регион, не го подржуваме раководството на СОНК и Генералниот штрајк …”. Имаше и такви “ читачи ” кои воопшто и не се членови на СОНК , а во името на членството бараат одговорност од раководството на СОНК.

Јавните медиуми? За скоро сите што информираат на национално ниво, со 1-2 исклучоци, никогаш не информираа за седниците на Советот на СОНК, за изјави на легитимните преставници на СОНК и да си останат доследни на објективното информирање, не најдоа за потребно да информираат дека Советот повторно донел одлука за организирање на штрајк и тоа на почетокот на продолжување на учебната година! Ама тоа не е никаква вест! Се очекува наредните денови повторно да се појават “ читачите “ и тие да кажат поради што СОНК ова повторно го направи.

Почитувани драги наши, во името на повеќе од 30.000 членови на СОНК, во името на демократијата и најмногу во името на сегашноста и особено за иднината на нашата држава, навистина прашуваме: ДО КОГА ВАКА?“, се вели во писмото на СОНК.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски