Отворено писмо на Македонскиот дипломатски синдикат до Бујар Османи

Од:

„Македонскиот дипломатски синдикат реагира на вчерашната дебата во врска со закупувањето на посебна Резиденција за амбасадорот во Вашингтон, САД. Зградата на македонската амбасада во Вашингтон беше вселена во ноември 2005 година. Согласно архитектонскиот планот, одобрен од тогашната министерка, на последниот, втор кат на зградата беше уредена Резиденција за амбасадорот“, се вели во отвореното писмо на Македонскиот дипломатски синдикат до министерот Бујар Османи.

„Идејата беше покрај заштедување средства за изнајмување Резиденција, новата амбасада да добие на тежина и значење со тоа што внатре би била и Резиденцијата на амбасадорот.

Така, сите три претходни амбасадори на Македонија во САД престојувале во Резиденцијата цел мандат, без исклучок. Впрочем, Резиденцијата во Амбасадата е и регистрирана како таква во службата за Протокол на Стејт Департмент на САД.

Оправдувањето на МНР дека Резиденцијата во амбасадата била зафатена (!) од друг дипломат не држи вода. Имено, во дворот на амбасадата, Македонија има уште два стана за дипломати, од кои еден подолг период е празен. МНР тоа го премолчува. Дипломатот, кој за неколку недели секако се враќа во Македонија лесно можел за краток период да се префрли од Резиденцијата во празниот стан, особено бидејќи бил запознаен со тајмингот на пристигнувањето на амбасадорот Попов.

Но, тоа не било сторено како резултат на очигледната желба на амбасадорот да живее надвор од амбасадата и поддршката од министерот Османи кој го имал последниот збор, без оглед на тоа што таквата желба ја чини државата значителни дополнителни средства.

Ова е само кулминација на недомаќинското работење на раководството на МНР. Ќе потсетиме дека во периодот 2019-2020, двајца вршители на должност од МНР во НАТО престојувале во амбасадорската Резиденција во Брисел, без оглед што нивниот лимит за станарина е двојно помал од рентата за амбасадорска Резиденција. Но за тоа потоа. Сите ќе си бидат повикани на одговорност за злоупотреба на службена должност“, се додава во писмото на Македонскиот дипломатски синдикат.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија