Отворено писмо до Аренс: Отворете ги очите!

Од:

Член на ЛДП, до А1он испрати отворено писмо за Герд Аренс, Шеф на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во кое му порачува:

Не Ви доликува да ги држите очите ширум затворени! Еве што стои во отвореното писмо:

Ден по изборите, ОБСЕ/ ОДИХР соопштија дека изборите биле спроведени на уреден и професионален начин, со мали технички недостатоци.

Што работеше, каде беше и кого набљудуваше мисијата на ОБСЕ? Не видоа ли дека повторно Пустец гласаше, каде беа кога луѓе се подмитуваа и носеа на гласање?

Не значи ли за ОБСЕ ништо агитирањето, објавувањето на резултатите од дијапората предвреме, делењето храна како поткуп, не ја видоа ли уценетата администрација, пензионери, студенти? Дали како мисија беа во Шуто Оризари?

Зарем е „професионално“ и „уредно“ според ОБСЕ, доколку низ улици се шета избирачка кутија?

Како можеше да му се промолкне сето ова на Германецот Аренс, кога е надалеку позната нивната прецизност и педантност? Зошто неслободата ја крстија слобода?

Зошто измамата и фалсификатот ги крстија професионалност? Не сакаме да веруваме, но сепак, виси прашањето, дали намерно излеговте со ваква оценка? Дали со прифаќањето на изборните резултати во Мојата земја одобрувате ваков начин на владеење и вакви избори, нешто што е ерес во земјите од каде доаѓате?

Ние опозиционерите ја продолжуваме битката против оваа власт, но како да се бориме против меѓународните институции кои дома проповедаат слобода и демократија, а на страна одобруваат и подржуваат режим, медиумски мрак и газење на волјата на граѓаните? Како да се бориме против однапред загубена битка?

И сега, лично до господинот Аренс, имајте доблест и во име на човечноста заборавете ја политиката, отворете ги очите за да ја согледате објективно состојбата во Македонија, ако навистина сакате да и помогнете на Македонија и искрено сакате да влезе во заедничкиот европски дом, исполнувајќи ги европските критериуми.

Но, господине Аренс, ова можете да го сторите само како граѓанин на Европа, а не како претставник на ОБСЕ. Од оваа функција најчесно е да си заминете веднаш. Господине Аренс, на човек со ваква одговорна функција како Вашата, не му доликува да ги држи очите ширум затворени!

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски