Отворени сите откупни пунктови за тутун во Струмичко

Од:

Здруженијата на тутунари информираат дека сите откупни компании го запазиле законскиот рок и започнале со откупот на тутунот во Струмичко.

Тутунопроизводителите се задоволни од процената во првите седум дена, а од здруженијата на тутунари велат дека во првата недела процената оди без проблеми, но оти не сакаат да калкулираат со просечната цена.

– Многу рано е да зборуваме за просечна цена. На околу половина од откупот може да излеземе со конкретни бројки. Нашите поверители се на терен и од она што стигнува како информација до нас, производителите генерално се задоволни од цената. Меѓутоа на почеток тоа не значи ништо, зашто може сега тутунарите да ги носат подобрите класи, а подоцна полошите. Рано е да прогнозираме, но со оглед на одличните временски услови и квалитетот на тутунот, очекуваме годинава да биде надмината минатогодишната цена од 117 денари во струмичкиот регион, изјави Марјан Трајков од Здружението на тутунари „Басмак Василево“ од Василево.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени