Отворени се сите 3.474 избирачки места

Од:

Во седум часот почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени.

Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.

На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10.490 кандидати.

Вчера, ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови.

ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезноста ќе ги објави на прес-конференција во 09:30 часот.

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар