Отворена манифестацијата „Звуците на чаршијата“

Од:

Манифестацијата „Звуците на чаршијата“ е отворена денеска на плоштадот „Скендербег“, а се одржува на неколку локации во Старата скопска чаршија.

Организаторот на манифестацијата, директорот на Културно-информативниот центар-Скопје, Сермине Пурини изјави дека „Звуците на чаршијата“ веќе станаа симбол на традиционалните обичаи кои отсекогаш биле во чаршијата.

Целта е продолжување на заживувањето на чаршијата, во чии улички ќе има по некој перформанс.

– Ќе настапат симфонискиот оркестар „Ода на радоста“, кој заедно со хорот „ПроАрс“ под диригенство на Сашо Татарчев ќе ја изведат „Ода на радоста“. Целиот настан ќе биде спонтано собирање на музичарите и на хорот.

Од Прима денс ќе настапат осум танчери кои ќе играат самба, латино музика, од Флеш моб-Анпи „Емин Дураку“ нема да настапат со народна носија како што сме навикнати, туку ќе изведат модеред танц. Ќе се одржи и ликовна колонија. Ќе настапат и музичката група „Артан&Oли“ и Златна труба – Левис, рече Пурини.

Попладне во Чаршиската книжарница ќе биде прикажан документарен филм за Старата Чаршија, а вечер во Куршумли Ан концерт ќе одржат Албанска софра, Еди Фура со оркестар и Синан Власалиу. Манифестацијата ќе заврши на полноќ.

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити рече дека културата е добар придонес кон заживување на Старата скопска чаршија.

– Ова се прави не само кај нас, туку и во други општини во Европа, во други поразвиени земји. Културата е таа која што ги зближува луѓето, која дава друг сјај на чаршијата. И понатаму ќе биде наша тенденција преку вакви манифестации, посебно преку културата, да ги вратиме луѓето во чаршијата, додаде Меџити.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан