Отворена „Кока-Кола активна зона“ на кејот на Вардар

Од:

На кејот на реката Вардар во близина на скејт паркот денеска /10.11.2017 година, петок/ беше отворена десеттата „Кока-Кола активна зона“, која Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола ја донираа на Градот Скопје.

Активната зона свечено ја отворија градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.

– Навистина ми е чест што Градот Скопје повторно е дел од овој проект, преку кој заедно со Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола имаме можност да ги мотивираме граѓаните редовно да спортуваат и да практикуваат активни животни навики, дотолку повеќе што целата оваа зона и инфраструктура е бесплатна за користење и достапна за граѓаните во секое време. Нашата цел е да имаме чист, модерен и безбеден град и граѓани коишто се грижат за себе и за својата средина. Токму затоа, Кока-Кола активната зона е од големо значење за Градот Скопје и апелирам до граѓаните на нашиот град да ја чуваат и да се грижат за неа. Исто така, ги повикувам сите компании да го следат овој позитивен пример за општествена одговорност и да покажат поголема корпорациска одговорност, односно преку инвестирање во заеднички јавни добра да инвестира и во развојот на својот бизнис, општата бизнис клима и нашето заедничко Скопје – кажа градоначалникот Шилегов.

Проектот „Кока-Кола Активни зони“ се реализира во повеќе општини низ Македонија и истиот вклучува поставување на фитнес зони на отворено, опремени со најмодерни професионални справи за вежбање, достапни 24 часа на сите граѓани без никаков надомест.

– Со Скопје ја заокружуваме и втората година од овој значаен проект и осврнувајќи се на овие две години во кои дониравме вкупно 10 активни зони, без сомнение можам да кажам дека луѓето од сите генерации кои секојдневно ги користат справите за спорт и рекреација, се доказ дека „Кока-Кола Активните зони“ се успешен проект кој навистина успеа да го поттикне спортскиот дух, дури и кај оние што досега не се занимавале со спорт. Токму затоа, Пивара Скопје во соработка со компанијата Кока-Кола, како општествено одговорни компании,ќе продолжат во насока на реализација на проекти кои го промовираат активниот начин на живот, бидејќи редовната физичка активност и спортување се императив за градење одржлива иднина и заедница во која живее спортската култура – изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

Проектот е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола за промоција на физичките, спортски и рекреативни активности и вложување во заедницата, како основа за создавање навики за активен животен стил и мотивирање на граѓаните редовно да спортуваат и да се рекреираат.

Оваа активна зона е втора донација во Скопје, по првата која минатата година беше отворена во Општина Гази Баба и која истовремено го означи стартот на долгорочниот проект на Пивара Скопје и Кока-Кола компанијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето