Отворена истрага против скопјанец кај кого беа пронајдени марихуана и амфетамин

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец осомничен дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Кај 20-годишниот скопјанец, на 18 септември, полициските службеници пронашле наркотична дрога марихуана во тежина од 1,96 грама, 89 таблети со светло зелена боја и неправилна форма со активна компонента психотропна супстанција амфетамин, две таблети спакувани во зипер-ќесичка, како и прашкаста материја свиткана во парче тоалетна хартија со тежина од 0,31 грам. Дополнително, при претрес во неговиот дом била пронајдена бела грутчеста материја со вкупна тежина од 12,71 грама, за која со испитување било утврдено дека исто така претставува психотропна супстанција – амфетамин, стимуланс на централниот нервен систем кој е класифициран во Националната листа I на контролирани психотропни супстанции, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на опасност осомничениот да го повтори кривичното дело, особено затоа што се работи за лице претходно осудувано за исто кривично дело, но и за дело – загрозување на сигурноста, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он