Отворен викенд за граѓанско креирање на буџетот во Општина Аеродром

Од:

Уште еден отворен викенд за граѓанско учество во креирање на буџетот за 2023 година во Општина Аеродром Општина Аеродром и овој викенд (10 и 11.12.2022 година) ќе реализира отворени средби и консултации со граѓаните како дел од процесот на изготвување и донесување на новиот буџет информираат од Општина Аеродром.

– Сите заинтересирани граѓани кои имаат идеја, предлог или сугестија можат да дојдат во просториите на Советот на Општина Аеродром во периодот од 11:00 до 14:00 часот, со што ќе дадат свој придонес во креирањето и донесувањето на буџетот за 2023 година. Општина Аеродром во изминатиот период презеде низа активности преку кои активно се работи на подобрување на транспаретноста и отченоста на работата на општината. Во таа насока се и овие директни средби со граѓаните чиишто предлози ќе бидат разгледани и земени предвид при креирањето на буџетот за наредната година се наведува во соопштението од Општината.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода