Отворен пролетниот базар на домашни ракотворби

Од:

Денеска беше отворен традиционалниот „Пролетен базар на домашни ракотворби“, кој се одржува на плоштадот „Филип Втори“.

Како дел од базарот беше прогласен и најавтентичниот сувенир, од конкурсот за избор на автентичен сувенир на град Скопје. Така, првото место на овој конкурс и припадна на КСАНТИКА, Кристина Хаџиева (за кујнска даска со мотив од Скопје), на второто место се најде ВУДИС, Златко Китаноски (за пеперушка од дрво), а на трето место е МАЈ ПРЕШС, Елена Поповска (за ѓердан трендафил).

Денеска и утре /на овој традиционален базар ќе бидат презентирани различни занаети и нивното значење за квалитетот на живеење на граѓаните. Посетителите ќе може да погледнат и да купат изработки на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, магично плетиво, изработки од камен, дрво и керамика, цртано стакло, како и изработка на слики од срма, a ќе има и креативна работилница.

Целта на овој настан е да се истакне важноста на занаетчиството и стопанството, средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето вештини и компетенции, а се со цел поттикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување. Воедно, целта на манифестацијата е да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производство, како и да се поттикне размената на искуства и знаење меѓу занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските производи и услуги и да се зголеми туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Скопје.

Покровител на манифестацијатa „Пролетен базар на домашни ракотворби“ е Град Скопје, а организатор е Занаетчиската комора на Скопје.

Би можело да ве интересира

Истражителите истражуваат смрт на двајца мажи на различни локации во Скопје

Горан Наумовски

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје