Отворен предмет по допрен глас во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно член 272 од Законот за кривична постапка, отвори предмет по допрен глас во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија.

„Следејќи ги реакциите на „Нефрон“ – Здружение за бубрежно болни граѓани и написите на одредени медиуми кои укажуваат на низа недоследности при спроведување на постапката по Огласот за доделување концесии на центрите за вршење дијализа, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оцени дека постои основ на сомнение што треба да се провери. Сомненијата укажуваат дека постапката е спроведена на нетранспарентен начин со индиректно фаворизирање на правни и физички лица при што познати меѓународни провајдери со големо искуство се ставени во подредена положба.

Воедно, постои основ на сомнение и во врска со Одлуката за утврдување на референтна цена за хемодијализен третман согласно Упатството за начинот на вршење на здравствената дејност која се однесува на лекувањето со дијализа, со која што референтната цена на чинење на пакетот – хемодијализен третман кај хронична бубрежна инсуфициенција е зголемена од 4855 денари на 5400 денари“ велат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра