Отворен повик за апликации од потенцијални субјекти со директен пристап до Зелениот климатски фонд

Од:

Владата објави Повик до сите јавни институции, приватни компании и граѓански организации во земјата заинтересирани да бидат акредитирани за директен пристап до и спроведување на проекти финансирани од Зелениот климатски фонд (ЗКФ) со цел реализирање на националните приоритети за климатска акција.

Повикот е објавен во рамки на вториот проект на земјата од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ, кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) под раководство на ННО, конкретно проектната компонента фокусирана на олеснување на директен пристап до климатски финансии.

Целта е да се поддржи земјата за пристап до финансиски средства од ЗКФ преку национални субјекти, т.н. Субјекти за директен пристап, што значи дека климатските финансии можат да се насочуваат директно во земјата без посредство на меѓународни партнери. Ова ќе и овозможи на земјата сопственост врз климатското финансирање и истото подобро да го интегрира во националните акциски планови за клима. Субјектите со директен пристап можат да бидат субјекти на национално, регионално и локално ниво (министерства, владини агенции, климатски фондови, комерцијални банки, приватни компании, граѓански организации и други правни лица) проценети според нивните капацитети како подобни за развој, спроведување и / или следење на проекти / програми од Зелениот климатски фонд, во согласност со приоритетите на земјата за ангажман со Фондот.

Детални информации за отворениот повик, условите за аплицирање и целокупниот процес на приоритизирање и избор на потенцијални Субјекти за директен пристап до ЗКФ во Република Северна Македонија, се достапни на веб-страницата на Зелениот климатски фонд.

Би можело да ве интересира

Северна Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура

Ана Ололовска

Николовски од Рим: Потпишана нова петгодишна Програмска рамка со ФАО

А1он

ФАО: Цените на храната во февруари зголемени за речиси една четвртина

Ана Ололовска

ФАО: Цените на храната во јануари блиску до највисокото ниво во изминатите 10 години

А1он

ФАО: Цените на храната на светските берзи на највисоко ниво во последните 10 години

Ана Ололовска

ФАО: Цените на храната во светот се искачија на нов десетгодишен максимум

Ана Ололовска