Отворен повик: Волонтирај во СДСМ

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објавува отворен повик за волонтирање чија цел е ангажирање на креативни, професионални, подготвени за тимска работа, високо мотивирани и трудољубиви лица, кои би биле вклучени во активностите на повеќе нивоа и сектори на централната партиската организација.

СДСМ ги повикува сите заинтересирани приврзаници и поддржувачи на социјалдемократијата како идеологија, членови и симпатизери активно да се вклучат во работата на СДСМ и креирањето на победничката политика на нашата партија. Добредојден е секој кој има желба и иницијатива за создавање на реални политики на партијата, а со тоа и визија за напредна државна политика.

Амбициозни луѓе од сите сфери на општественото живеење, овој повик е шанса за секој од Вас директно да учествува во реализација на своите соништа, носејќи подобро утре на сите нас.

Изборот ќе биде низ транспарентна и компетитивна постапка, отворен за сите без разлика на пол, вера или етничка припадност.

Раката за соработка е подадена кон секој од Вас! Приклучете се!

Работниот ангажман ќе биде на волонтерска основа со паричен надоместок, согласно законот за волонтерство.

Ги повикуваме сите заинтересирани, со своја кратка биографија (CV и контакт телефон) да се пријават, испраќајќи ја на следниот e mail: [email protected]

Рокот за пријавување е најдоцна до 20.07.2013 год.

Сите Ваши прашања можете да ги поставите на e mail адресата за пријава: [email protected]

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?