Отворен пензионерски клуб во Радишани

Од:

Градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски денеска го пушти во употреба новиот пензионерски клуб во Радишани, сместен во трговскиот центар во оваа населба.

Пространиот клуб, со површина поголема од 60 м2 им овозможува на пензионерите средби, дружење, играње шах, табла и други друштвени игри за релаксација и разонода.

Во присуство на претседателот на Здружението на пензионери Бутел, Љупчо Димовски, градоначалникот Латиновски пред големиот број присутни пензионери истакна дека овој клуб е шестиот по ред што е отворен на територијата на оштина Бутел.

Тој им посака на пензионерите многу здравје и спокојни пензионерски денови поминати во исполнета дружба во овој нивни клуб.

Претседателот на Здружението, Љупчо Димовски истакна дека општина Бутел и особено градоначалникот Петре Латиновски се едни од ретките што водат голема грижа за потребите на пензионерите. Затоа, рече, пензионерите од општина Бутел се со големо чувство на привилегираност и задоволство. – Иако е едно од најмладите пензионерски здруженија, тоа е едно од најактивните и најрезултатните здруженија во Македонија, додаде Димовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Пензионерски кредит до 60.000 МКД за 10 минути!

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари