Отворен патот Прилеп – Крушево, се отстрануваат дефектите во струјата во селата

Од:

Според последните информации од Регионалниот центар за управување со кризи во Прилеп, воспоставен е сообраќајот на патот Приллеп – Крушево, кој беше во прекин поради поплавите, а во населените места во опоштините Прилеп и Кривогаштани се отстранети дефектите во електронапонската мрежа и во сите има електрична енергија.

– Отворен е патот Прилеп – Крушево кој беше во прекин кај селото Врбјани. Има струја во Мариово, во прилепските села, особено Големо Коњари каде поради немањето стгруја не можеа да функционираат бунарите за вода за пиење. Струја има и во општината Кривогаштани, изјави Илко Петкоски, раководител на Центарот.

Се очекува и во општина Долнени вечерва да има струја во сите населени места.

– Полека се отстрануваат и дефектите во населните места во Долнени. Останува вечерва да добијат струја и селата Долгаец, Сливје, Рилево и кон манастирите Зрзе и Трескавец, рече Петкоски.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска