Отворен нов објект за згрижување на деца во Куманово

Од:

Шеесетина деца од предучилишна возраст од Куманово ќе бидат згрижени во новиот објект „Детелинка“ на детската градинка „Ангел Шајче“, што денеска свечено беше пуштен во употреба.

Објектот се наоѓа во поранешниот „Пионерски дом“ Куманово и е од цврста градба со површина од 347,47 метри кавдратни, а Министерството за труд и социјална политика за негова реконструкција одвои околу пет милиони денари. Министерката за труд и социјална полтитика Мила Царовска на денешното отварање посочи дека ова е ивестиција во иднината, во најмалдите, им се обезбедува подобар старт на децата во образованието и понатамошен развој на државата. Таа нагласи дека целта на Владата е да се зголеми за 50 проценти опфатот на децата во предучилишно образование, посочувајќи дека постојано се вложува во објекти.

– Од 2019 година заедно со Светската банка и Владата стартуваме програма за унапредување на квалитетот на предучилшното образование, бидејќи тоа треба да е прилагодено на новите општествени текови кои се случуваат и да ги подготвиме децата пред да тргнат на училиште да имаат основни знаења и предзнања не само формални како букви и бројки туку за нивното современо живеење и вложување во општеството понатаму, рече министерската Царовска.

Директорката на градинката, Марина Алексовска, посочи дека оваа градинка ќе има и јаслени групи, по барање од родителите.

– Уште еден прекрасен настан за јавната општинска установа за деца детска градинка „Ангел Шајче“ од Куманово. Тоа е денешното пуштење во работа на овој простор за најмладите од нашиот град. Простор во кој ќе се згрижуваат, воспитуваат и едуцираат децата од предучилишна возраст. Ова е осмиот објект на градинката која постојано расте, се проширува и осовременува“-рече Алексовска.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, пак, истакна дека градинката е исклучително значајна за децата од градот.

– Се заблагодарувам на сите оние кои дадоа допринос овој проект да се трансформира во една успешна приказна и воедно сакам да ја истакнам нашата желба и заложба за создавање на дополнителни добри дела за кои се надевам дека ќе наидеме на поддршка од централната власт, од Владата и ресорното министерство, изјави Димитриевски.

Новата градинка располага со влезен хол, ходник, три занимални, кујна, санитарна просторија за деца, санитарна просторија за деца и возрасни, перална и други пропратни простории.

За реконструкција, Министерството за труд и социјална политика во рамките на својот буџет издвои 3.789 милиони денари за изведување на градежно-занаетчиски работи и 1,5 милиони денари за опремување на просторот. Просторот има пристапна рампа и е во непосредна близина на посточекиот објект „Кокиче“.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра