Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Од:

До 30 јуни 2025 трае рокот за пријавувањето за стипендиите „Борис Трајковски“ за вонредни двегодишни постдипломски студии. Дваесет студенти ќе добијат можност да студираат според Пан-европската извршна МБА програма, преку стипендиите што ги нудат Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Министерството за образование и наука, Претседателот на Република Северна Македонија и Фондацијата Борис Трајковски.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на една од шесте достапни специјализации – МБА по Општ менаџмент, МБА во Маркетинг, МБА во Финансии, МБА во Логистика и менаџмент, МБА во Управување во здравство и МБА во Управување со човечки ресурси.
Пан-европската извршна МБА програма е меѓународна програма создадена за сите оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини и знаења за професионален, кариерен и личен развој. Во рамките на програмата предвидени се три студиски патувања – во Јорк (Велика Британија), во Стразбур (Франција) и во Солун (Грција). Стипендистите ќе имаат можност да учат и да го усовршуваат своето знаење од врвни професори и меѓународни академици од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, од Универзитетот Јорк, од Универзитетот во Стразбур и од други добро признати универзитети ширум светот.

Пан-европската МБА програма е дел од ексклузивната група од само 300 ЕМБА програми и образовни институции на глобално ниво акредитирани од престижната AMBA. Дополнително, Пан-европската МБА програма е акредитирана од Институтот за менаџмент од Велика Британија (CMI) и вклучува заедница од приближно 4 000 студенти и досегашни дипломци, што само дополнително говори за нејзината огромна академската вредност.

Стипендистите ќе имаат можност да се стекнат со двојна диплома, од Универзитетот Јорк и од Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур, високо истакнати и рангирани во научниот свет. Универзитетот Јорк е врвно рангиран британски универзитет, додека Универзитетот во Стразбур претставува престижна институција од каде имаат произлезено 18 научници наградени со Нобелова награда.

СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, Грција има академска мрежа којашто е воспоставена и распространета во уште 6 земји, со што претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк има статус на меѓународен кампус на овој универзитет и е дел од заедницата на Универзитетот Јорк. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, со златна награда за своите наставни методи според TEF (Teaching and Excellence Award) 2023 и е рангиран на 146. место во светот според Times Higher Education 2025.

Заинтересираните кандидати за стекнување стипендија „Борис Трајковски“ можат да конкурираат преку следниот линк.

Би можело да ве интересира

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори

Професор Станковиќ : Потребна ни е поголема синергија меѓу универзитетите, стопанството и државната администрација.

Предраг Петровиќ

ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада