Отворен клуб за пензионери во Кумановско

Од:

Околу 200 пензионери од кумановските села Љубодраг, Ново Село и Умин Дол денеска добија простор за дружење и рекрација. Новиот пензионерски клуб е отворен во просториите на поранешната месна заедница во селото Љубодраг.

Просторот е адаптиран и опремен со нов мебел за потребите на пензионерите, со поддршка на Здружението на пензионерите од Куманово, општина Куманово и од приватни компании.

Пензионерите од овие села истакнаа дека отворањето на овој клуб има исклучително значење за нив, бидејќи добиваат простор за дружење и рекреација.

– Навистина многу ни значи овој клуб. Слободното време ќе го поминуваме тука. Се надевам дека како и досега ќе бидеме активни и убаво ќе ги поминуваме пензионерките денови, изјави Ранко Апостоловски, претседател на месните заедници од трите села.

Претседателот на Здружението на пензионери од Куманово Спирко Николовски информира деак ова е 12 клуб отворен на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Пензионерите истакнаа дека ги користат бенефициите кои ги добиваат од државата, како бесплатните бањско-климатската рекреација и туристички викенд, превоз со железница… Според нив, во овој реон им е потребна аптека.

На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане има приближно 14.000 пензионери.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување