Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со ректорот на ДУТ Вулнет Амети и претставничката на УНДП Луиза Винтон присуствуваа на денешното отворање на Информативниот клуб на економскиот факултет на ДУТ.
– Ова е втор инфо клуб за вработување на млади што го отвораме заедно со УНДП кај нас. На ова место студентите ќе може да добијат точни и навремени информации за можностите за вработуивање, слободните места и огласите во приватниот сектор и државните институции, но и местата за практична работа за стекнување нови искуства и слично. Овој инфо клуб е само дел од сличните активности како што е мобилната апликација прв.мк која им овозможува сите оние што ја имаа на мобилните уреди веднаш да добијат навремена информација за сите слободни места за вработување, а истото го поседува и веб сервисот на Агенцијата за вработување. Со овие можности сакаме да придонесеме за зголемување на информираноста особено на младите, рече министерот Спасов.
Тој најави дека ќе се продолжи и со активните мерки за самовработување на младите, како и субвенционирање и други олеснувања за приватните компании што ќе вработат млади бидејќи на овој начин над 1.300 млади се вработени во последниот период.
Според ректорот на ДУТ Вулнет Амети универзитетите во модерното време освен за научни и образовни цели имаа можност да влијаат и на економскиот развој и социјалната еволуција.
– Отворањето на инфо клубот на универзитетот во соработка со Министерството за образование и наука, министерството за труд и социјална политика и УНДП ќе им овозможи на студентите да изградата своја успешна иднина и кариера, изјави Амети.
Претставничката на УНДП Луиза Винтон посочи дека станува збор за нивен проект што е започнат на светско ниво, а сега се спроведува и кај нас.
– Младите насекаде во светот се соочуваат со проблем за изнаоѓање работа. Статистиките покажуваа дека бројката на невработени млади во светот изнесува околу 60 отсто. Ова е само една од активностите за доближување на понудите за работа до младите. Нивното вработување носи корист не само лично за нив, туку и за целото општество поради нивната енергија и способност.Инфо клубот на ДУТ е место каде студентите ќе може да се сретнат со претставници од бизнис заедницата при што студенте ќе увидат какви кадри се потребни и со какви знаења и спосбности со што ќе бидат поподготвени за пазарот на трудот. Познато е дека образованите млади особено со завршено факултетско образование имаат поголеми шанси да се вработат во однос на другите, изјави Винтон.