Отворен дисперзиран логопед во Поликлиниката во Драчево

Од:

Нов пункт со дисперзиран логопед е промовиран денеска во Поликлиниката во Драчево. Логопедот работи секој вторник и четврток, а од 1 октомври ќе работи и во понеделник и во среда. 

Станува збор за 10-та специјалистичка специјалистичка служба во Поликлиниката во Драчево и шести дисперзиран логопед во Скопје, покрај претходните пет кои фунционираат во поликлиниките „Јане Сандански“, Букурешт, во Ченто, Ѓорче Петров и Чаир. 

Пунктот за дисперзиран логопед во Поликлиниката во Драчево денеска го посети вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека кон крајот на јули до Здравствен дом Скопје било упатено барање од група граѓани за отворање служба за логопед во Поликлиниката во Драчево. Посочи дека со Здравствениот дом Скопје и Центарот за говор и слух, се договориле на ова барање позитивно да одговорат.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец е повреден во сообраќајка близу Драчево

МВР: Уапсен е разбојник по извршување на кражба во Драчево

Насилници во Драчево нападнале маж и тројца малолетници

ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево

Опожарени две бараки во Драчево

Горан Наумовски

Гласна музика во поликлиниката во Драчево, се славело пензионирање на колега: Директорот Селими најави санкции

A1on