Отворен ден за граѓани со Комисијата за образование на општина Центар

Од:

За се што ги интересира жителите на Центар, на тема образование, можат да се информираат и прашаат на Отворениот ден со граѓаните, кој го организира Центарот на заедницата на општина Центар.

На средбата ќе присуствуваат Биљана Чурилова, претседател на Комисијата за образование и останатите членови на комисијата; Јагода Јанковска, раководител на одделението за образование, спорт и млади.

Отворениот ден има за цел да овозможи запознавање на граѓаните со надлежностите на Комисијата за образование како и вклучување во работата на Комисијата преку предлози и идеи. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со новитетите од областа на образованието кои се под надлежност на општина Центар.

Третиот, од серијата отворени денови кој ги организира Центарот на заедницата на општина Центар е продолжение во остварувањето на долгорочната цел за вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво, поголема транспарентност во работата на Советот на општината и отвореност кон граѓаните.

Средбата ќе се одржи во 12 часот, во конференциската сала во кабинетот на претседателот на Советот на општина Центар (барака 4).

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски