Отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот

Од:

Градот Скопје организира отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот и истовремено ги поканува граѓаните да дојдат и да се запознаат со начинот на работа и функционирање на овој центар.

Отворениот ден на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој е лоциран во просториите на Меѓуградската автобуска станица, ќе се одржи в сабота, 10 февруари, од 10 часот до 14 часот.

Сите заинтересирани лица кои ќе сакаат да го посетат Центарот треба да се пријават до утре до 15 часот, на телефонскиот број 02/3297-265 или по пат на електронска пошта на адресата [email protected].

Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе можат да го посетат само лица кои се пријавиле согласно со горенаведените услови, додека самите посети ќе се организираат во групи од по 10 лица. Посетителите треба да имаат документи за идентификација, а пред посетата ќе треба да потпишат изјави за доверливост на информации.

Фотографирање во Центарот за управување и контрола на сообраќајот е забрането. Од Град Скопје велат дека постои можност, поради безбедносни причини, посетите ненајавено да бидат прекинати.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски