Отворен ден на Црвен крст во Кичево

Од:

По повод одбележување на Неделата на Црвен крст на Република Македонија, денеска во Кичево се одржа „Отворен ден“ на кој беа претставени активностите на Црвениот крст.

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина преку глобалната мрежа од речиси половина милион вработени и преку 100 милиони волонтери, членови и поддржувачи во 190 земји во светот дејствува како сила за позитивна промена за најранливите категории на население во ситуации како што се одговор на потребите во случај на катастрофи и вооружени конфликти, обезбедување поддршка во урбани центри и тешко достапни подрачја, како и застапување во нивна корист во политичките кругови и владите.

– Оваа година по повод 8 мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвениот крст – Кичево од 8 до 15 мај во Неделата на Црвен крст на РМ се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. – Ние денес имаме отворена изложба од изработени слики од наши волонтери и со тоа на некој начин ја заокружуваме Неделата на Црвениот крст, рече Лазеска претставник на Црвен крст – Кичево.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево