Отворање на втората сезона на Градската плажа „Камен мост“

Од:

Со концертот на хрватскиот состав „Антенат“, вечер во 20 часот, официјално ќе биде отворена втората сезона на Градската плажа „Камен мост“.

Бендот, кој во моментов е на балканска турнеја, прв пат доаѓа во Скопје и тоа со самостоен концерт, на кој ќе го промовира својот нов, трет по ред албум насловен „Излет”.

Од Градот Скопје најавуваат дека наскоро ќе биде објавена и целосната програма за летниот период. Во текот на претстојните четири месеци планирани се киновечери и проекции на култни македонски и странски филмови, фестивал на кратки филмски форми, изложби на млади уметници и фотографи, спортски турнири, матине и караоке забави.

Градска плажа „Камен мост“ располага со пет урбано наместени шанкови за продажба на храна и пијалаци, една голема бина што се наоѓа над реката по средината на плажата и со 157 квадратни метри површина платформи(декови)за поставување маси и столови за потрошувачите и рекреативците.

На располагање и ова лето стои и одбојкарското игралиште, како и огромниот простор од 1.000 квадратни метри чиста морска песок и камчиња.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он