Отстранување на тесните грла и пошумување за поголема заштита од поплави

Од:

Станува збор за идејни проекти и главни решенија за трајно отстранување на причините што се случуваат како последица на ерозијата што доаѓа од големите водени површини поради бесправното сечење на дрвјата по планините, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа што се презема за заштита од поплави.

Тој додаде дека веќе се завршени голем дел од документациите и физибилити студиите за скопско Стајковци, Пелагонискиот, Тетовскиот, Струмичкиот и Штипскиот регион.

– Се работи за проектна документација од неколку аспекти. Едниот е изградба на одводни канали што би ги акумулирале сите овие води и би ги насочувале кон изливните подрачја за да се спасат автопатиштата, куќите, имотот и слично. Се надеваме дека на крајот ќе успееме да ги отстраниме тесните грла, но истовремено паралелно мора да се работи на пошумување на шумите, посочи Заев.

Според него, сечењето на дрвјата е една од главните причини за поплавите и поради тоа, како што додаде, сите треба да делуваме од секој можен аспект ако сакаме да не ни се случуваат вака големи трагедии како онаа од пред две години во Стајковци.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски