Отстранување на бетонските бариери во Вардар, бара Здружението „Извор“

Од:

Еколошкото хуманитарно здружение „Извор“ остро реагира и изразува длабока огорченост за последните состојби околу и во Вардар. Од таму велат дека како резултат на голем број градежни работи и лошо планирани проекти во и околу реката се случи излевање на Вардар од коритото и создавање ризик по животот на граѓаните.

„Сите овие бетонски конструкции кои се направени во коритото на оваа река, како што се фонтаните, бродовите, панорамското тркало и други, служеле само за политички и финансиски придобивки кај поединци на високи позиции во минатата власт, а во голема мера ги загрозуваат животите на жителите на Скопје, но и животот на подводниот свет во реката Вардар“, велат од здружението.

Од таму наведуваат дека побарале од Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со Градот Скопје, како и други релевантни институции во земјата, да ги преземат сите мерки како политички, така и практични, за отстранување на бетонските бариери кои предизвикуваат излевање на Вардар.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски