Отстранета бомба – кашикара оставена на улица во Тетово

Од:

Екипа на Дирекцијата за заштита и спасување денеска нешто по 14 часот безбедно ја отстрани оставената бомба – кашикара модел М-75 што околу 13 часот и 10 минути случаен минувач ја забележал оставена покрај дрвена бандера на улицата „Кумановска“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Веднаш по добиената пријава, екипи на полицијата го обезбедиле местото до пристигнувањето на експертите. При увидот било забележано дека на бомбата има траги од земја. Засега не се знае кој, зошто и кога ја оставил бомбата.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ