Отстранет одронот на регионалниот пат Ресен – Стење

Од:

Изутрината во шест часот е отстранет одронот од карпи и земја од регионалниот пат Ресен – Стење, кај местото викано Сирхан, на еден километар пред Отешево, поради кој синоќа од 22 часот беше блокиран тој патен правец, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Во активностите за расчистување на патот беа ангажирани подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Ресен како и од ЈП „Македонија Пат“ – Битола.

– Со употреба на соодветна градежна механизација и со вонредни напори на лицата кои беа ангажирани под доста студено време во период од 00:00 до 06:00 утрово патниот правец целосно беше расчистен од одронетиот материјал и патот беше ставен во функција. ПС Ресен за цело време на акцијата го обезбедуваше теренот за полесно и побрзо расчистување на патниот правец, се вели во соопштението.

Од Дирекцијата за заштита и спасување воедно истакнуват дека проодноста на тој патен правец е од големо значење бидејки во Отешево се наоѓа Заводот за рехабилитација на неспецифични распираторни заболувања.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози