Отстранет дефектот со парно греење, испораката на топлинска енергија непречена

Од:

Дефектот во топлотната мрежа поради кој без парно греење во текот на вчерашниот ден останаа дел од граѓаните во Центар и Карпош е отстранет и испораката на топлинска енергија се одвива непречено, информира денеска „Балкан енерџи груп“.

Компанијата истакнува дека дефектот е целосно отстранет и оти утринава сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење, добиле навреме топлинска енергија.

– Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енеџи работеа во текот на целата ноќ, по што целосно беше саниран дефектот на мрежата. Во зајакнат состав, екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи остануваат на терен за да следат состојбите, велат од компанијата.

За сите дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.

Би можело да ве интересира

Во септември ќе се знае цената на парното

Катерина Ѓуровски

ЕСМ ќе го отстрани опожарениот топловод на мостот Беласица во најкраток можен рок

Орце Костов

ЕСМ во следните 10 години ќе ги снабдува скопјани со парно греење

Орце Костов

Завршува грејната сезона и кризната состојба во енергетиката

Граѓани од населба Автокоманда повторно на протест, незадоволни се од новиот снабдувач со топлинска енергија

Ана Ололовска

ЕСМ: Греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи , од 6 до 22 часот